Центарот за циркуларна економија на Западен Балкан нуди широк спектар на активности и различни видови поддршка насочени кон едукација, градење капацитети, информирање и помагање на различни целни групи како што се жени, млади, микро, мали и средни претпријатија (ММП) на различни начини во зависност од нивните специфични потреби. Додека некои од активностите се веќе развиени за бесплатна употреба, други ќе следат во наредниот период.